Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило.
Од нив, 16 управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека четири лица биле затекнати како возат под дејство на алкохол.
Според податоците, во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола, при што едно од нив било и под дејство на алкохол. Во Кочани се регистрирани три случаи, меѓу кои и еден малолетник, во Гостивар две лица, а по едно лице во Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп.
Во одделни случаи на возење под дејство на алкохол, по едно лице се регистрирани во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод.
По целосно документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.







