Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека температурите во Европа растат двојно побрзо од глобалниот просек, што бара забрзана акција за климатските промени, со што се зголемува веројатноста и интензитетот на екстремни топлотни бранови во иднина.
Тој напиша на платформата Икс дека не можеме да си дозволиме понатамошни одложувања.
„Податоците се јасни: температурите низ Европа растат приближно двојно повеќе од глобалниот просек, зголемувајќи ја веројатноста и сериозноста на идните екстремни топлотни бранови“, рече Тедрос.
Тој изјави дека топлотниот бран во Европа го принудува затворањето на училиштата и го загрозува здравјето на луѓето и истакна дека понатамошното одложување не е можно.
„Лидерите мора да дадат приоритет на инвестирањето во здравствени системи отпорни на климатските промени, а истовремено да го забрзаат дејствувањето за климатските промени и да ги ублажат причините за климатската криза“, нагласи Тедрос.
Европа во последните денови беше погодена од силен топлотен бран, со температури над 40 степени Целзиусови во некои земји.
Поради екстремната жештина, во неколку европски земји беа воведени највисоки предупредувања, додека некои училишта беа затворени, а властите апелираа до граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот.







