Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се појави документ со дипломатски материјали и чувствителна содржина, кои засегаат безбедносни аспекти поврзани со државниот врв, а реакција од Филипче и опозицијата изостана. Филипче избра тишина наместо јасна осуда и барање одговорност. Политичките соработници на Филипче, бугарските власти на чело со Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, историја и култура, направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски“, велат од партијата.
Од таму велат дека во документот, за којшто се уште нема извинување од официјална Софија и кој е објавен е на социјалната мрежа „Фејсбук“, јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирало обезбедувањето.
„И наместо осуда Филипче и СДС молчат со што дополнително се отвораат сериозни прашања за нивната политичка доследност и приоритети. Дали Филипче молчи поради блискота со неговите бугарски соработнициц? И покрај ваквите постапки кои се дел од поширок политички притисок кон Македонија, државата ќе продолжи со евроинтегративниот пат без разлика на надворешните притисоци и предизвици“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.







