ЕУ одлучи: Starlink и Amazon на Маск доаѓаат во Европа, но под еден строг услов

Европската комисија го отвора пазарот за неевропски сателитски оператори, но резервира една третина од капацитетот строго за војска и безбедност.

Европската комисија (ЕК) изјави дека сателитските оператори надвор од Европската Унија, вклучувајќи го и сателитскиот бизнис на Starlink и Amazon, ќе можат да се натпреваруваат за мобилен сателитски спектар во ЕУ, но со ограничувања на достапниот капацитет.

Според новиот предлог на Европската комисија, две третини од достапниот спектар ќе бидат подеднакво поделени помеѓу европските и неевропските оператори за комерцијална употреба, додека преостанатата третина ќе биде резервирана за државни потреби, вклучувајќи ја безбедноста и војската, објави Ројтерс.

Тој дел од спектарот ќе го користи европски оператор поврзан со системот IRIS2, европски сателитски проект кој е одговор на ЕУ на Starlink.

Комесарот за технологија на ЕУ, Хена Виркунен, изјави дека предлогот има за цел да ја зголеми конкурентноста и безбедноста на Европа, а воедно да го отвори пазарот за нови технологии и оператори.

Таа ги отфрли тврдењата дека предлогот е насочен кон американските компании, велејќи дека пристапот на Европската комисија е „транспарентнен и фер“.

Европската комисија, исто така, објави дека лиценците на американските компании Viasat и EchoStar ќе бидат продолжени за дополнителни две години за време на преодниот период.

Предлогот сега треба да го разгледаат земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент пред неговото конечно усвојување.

Scroll to Top