Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“, на спојување од влез-излез од објект, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(33) од Скопје и велосипед управуван од М.М.(45) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.







