САД, Австралија и Парагвај од Д групата се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство. САД за пласман во осминафиналето ќе играат со биХ, а Парагвај против Германија, Австралија се уште не го знае името на противникот.
Парагвај и Австралија одиграа пријателски меч во Калифорнија, бидејќи и на двата тима им одговараше таквиот резултат. Епилогот на крајот е реми без голови и второ место за Австралија, а трето за Парагвај.
Турските фудбалери ги победија Соединетите Американски Држави со 3:2 (2:1) во последниот натпревар од Групата Д на Светското првенство.
Пред 74.000 директни сведоци во Лос Анџелес, победникот го реши голот на Кан Ејхан во 98-та минута. На овој начин тимот на Виченца Монтела ја спаси честа, откако претходно доживеа неочекувани порази од Австралија и Парагвај.
Натпреварот на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес започна брилијантно за домаќините, кои поведоа во третата минута со голот на Остон Трасти.
Сепак, во 10-та, Турците изедначија со голот на Арда Гулер. Турција имаше јасна намера со победа да се збогува со првото Светско првенство што го играше по 24 години.
По 30 минути игра Орхан Кочу го комплетираше пресвртот во Калифорнија.
Немаше промени до крајот на првото полувреме, а потоа САД го отворија второто со гол, погоди Себастијан Берхалтер во 49-та минута.
Имаа двата тима шанси да постигнат трет гол, а тоа се случи во последниот напад кога погоди Ејхан.







