Полицијата го приведе 31-годишниот П.Н. од Велес, по пријава дека физички нападнал 71-годишна велешанка и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом.
Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 25 јуни во 18:55 часот. Пријавителката навела дека П.Н. дошол пред нејзиниот дом и ја побарал нејзината ќерка, која не била дома, по што физички ја нападнал пред и во домот.
По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







