Опожарено возило „ренџ ровер“ во Центар, нема повредени лица

Денес во 04:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б. (54) од Скопје.

На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која успешно го изгаснала пожарот.

Во инцидентот нема повредени лица.

Извршен е увид од страна на надлежните органи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Scroll to Top