Шакира повторно се најде во центарот на вниманието во екот на Светското првенство во фудбал 2026, откако објави видео на социјалните мрежи во кое танцува на официјалната песна „Dai Dai“ и менува дресови инспирирани од неколку репрезентации.
Во видеото таа носи дресови на Колумбија, Аргентина, Канада и Јужна Кореја, што предизвика поделени реакции кај навивачите. Дел од нив изразија разочарување што не ги виделе дресовите на своите репрезентации, додека други сметаат дека станува збор за личен избор, а не за фаворизирање на одредени селекции.
View this post on Instagram
Шакира беше забележана и на неколку натпревари за време на турнирите, а нејзиниот најочекуван настап ќе биде на полувремето од финалето на 19 јули на стадионот „МетЛајф“.







