Педесет и осумгодишен маж од Скопје бил пронајден починат во базен во двор од куќа на подрачјето на Карпош, информираат од МВР.
Според полицијата, случајот бил пријавен на 28 јуни околу 18:15 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.







