Австралија одлучи драстично да ги казнува социјалните медиуми кои не ги почитуваат прописите.
Австралиската влада објави дека ќе ја удвои максималната казна за платформите кои ги кршат законите за минимална возраст за користење на социјалните медиуми на 99 милиони долари (околу 86,9 милиони евра).
Измената на законот, исто така, предвидува дека комесарот за е-безбедност ќе може да ги принуди и компаниите за социјални медиуми да обезбедат докази за чекорите што ги презеле за да се усогласат со забраната, објавува Би-Би-Си.
Во Австралија, на деца под 16 години им е забранет пристап до десет клучни платформи на социјалните медиуми од 10 декември минатата година.
Властите на земјата започнаа истраги за наводно непочитување од страна на пет од забранетите платформи за деца под 16 години – Facebook, Instagram, Snapchat, TikTok и YouTube.
Во својот извештај, Комисијата за е-безбедност, која е независен регулатор на земјата, изјави дека седум од десет деца под 16 години кои имале сметка на социјалните медиуми пред забраната, сè уште имале „одреден пристап“ до тие мрежи.






