(Фото/Видео) Конечно се врати и е пожешка од кога било: „Божица, какво тело имаш“

Никол Шерцингер уште еднаш покажа дека нема рамен кога е во прашање изгледот, иако наполни 48 години.

Познатата Никол Шерцингер ја покажа својата фигура што ѝ го одзема здивот кога сподели серија заводливи фотографии за да го прослави својот 48-ми роденден.

Ѕвездата на групата „Pussycat Dolls“ изгледаше спектакуларно во објава на Инстаграм додека уживаше во брановите на Хаваи, преку серија фотографии и видео.

„Последен ден во овие години и се чувствувам слатко на зајдисонце, како дома на мојата омилена плажа“, напиша Никол за себе.

Ова не е прв пат Никол да ја покаже својата завидна фигура во бикини, а некои обожаватели дури и се загрижија „каде исчезна“, со оглед на тоа што веќе некое време нема нејзини заводливи изданија.

Таа го комплетираше овој впечатлив изглед со шапка, додека косата ја стилизираше во долги, лежерни бранови.

„Оваа жена не старее“, „Нереална си“, „Какво тело“, „Не е можно да си во петтата деценија“, „Божица“, беа само некои од коментарите.

Scroll to Top