Интерпол објави фотографија од осомничената за атентатот врз унгарскиот тајкун во Монако

Иинтерпол денес го објави идентитетот на жената осомничена за бомбашкиот напад во Монако, чија цел беше украинскиот тајкун Вадим Јермолаев.

Интерпол објави црвена потерница на својата веб-страница за 39-годишната Украинка Анастасија Березовски. Според потерницата, Березовски има тетоважа, веројатно од змија, на десната рака, од рамото до лактот. Се вели дека има и темна коса и зборува германски.

Властите на Монако бараат нејзино апсење под сомнение за обид за убиство и други кривични дела. Осомничената оттогаш е видена во Германија, изјави извор за „Ројтерс“.

Денес, јавниот обвинител на Монако даде нови детали за истрагата, вклучително и информации за експлозивната направа што се користела во нападот. Тој рече дека бомбата била активирана со далечинско управување и дека истражителите веруваат дека неколку лица биле вклучени во нејзината изградба.

Тој додаде дека осомничената веројатно користела автомобил со германски регистарски таблички што патувал низ Италија и неколку други земји. Канцеларијата на државниот обвинител отвори истрага за обид за убиство, но случајот не е класифициран како терористички напад, изјави државниот обвинител Стефан Тибо.

Scroll to Top