Пронајдени 116 грама хашиш при претрес во гостиварско

Полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акција во гостиварското село Здуње, при што беа пронајдени околу 116 грама хашиш, а едно лице е лишено од слобода.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 4 јули, врз основа на претходно обезбедени оперативни сознанија и судска наредба од Основниот суд во Гостивар, бил извршен претрес во објект што го користел С.Б. (63).

За време на претресот, во дворот била пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш, по што С.Б. бил приведен.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Scroll to Top