59-годишен параглајдерист од САД тешко повреден во Битолско

Во СВР Битола во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди.

Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Scroll to Top