18-годишник без положен возачки испит учествувал во тешка сообраќајка во Тетово

Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, информира МВР.

Несреќата била пријавена во 7:30 часот, а во неа учествувале автомобил „бмв“, управуван од 18-годишниот М.Б. од Тетово, кој немал положено возачки испит, и товарно возило „форд“, управувано од 24-годишниот В.Е. од Пршовце.

Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени за укажување помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Тетово.

Во несреќата бил повреден и 19-годишниот А.Р. од Тетово, сопатник во товарното возило. Кај него биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Scroll to Top