37-годишна жена пронајдена почината во дом во Аеродром

Триесет и седумгодишна жена од Скопје била пронајдена почината во дом на подрачјето на општина Аеродром, информира МВР.

Случајот бил пријавен на 6 јули околу 22:45 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Scroll to Top