Од возило во движење фрлена бомба врз ресторан во тетовско, повредени две лица

Две лица се повредени во експлозија што настанала од фрлена рачна бомба во ресторан во тетовското село Добарце.

Вчера во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце, тетовско пријавил дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот.

Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Scroll to Top