(Видео) Поранешната сопруга на Михаел Балак се соблече за „Плејбој“ и порача: „Телата на постарите жени се привлечни“

Поранешната сопруга на познатиот германски фудбалер Михаел Балак позираше за најновото издание на германскиот Плејбој.

Симоне Балак (50), поранешната сопруга на познатиот фудбалер Михаел Балак, повторно се најде во центарот на вниманието за најновото издание на германскиот Плејбој. Симоне позираше во смело мало бикини и брзо ја сподели веста на социјалните мрежи.

Иако е во 51 година, Симоне ги воодушеви сите со својот зачудувачки изглед, а фотосесијата ја заврши со црна наметка и златен накит.

„50, самоуверена и убава како и секогаш. Симоне Балак е нашата нова ѕвезда на насловната страница“, се вели на официјалниот профил на списанието Плејбој.

Симоне нагласи дека со овие фотографии, од кои некои ја прикажуваат целосно гола, сакала да го сруши стереотипот дека телата на постарите жени се сметаат за непривлечни.

„Веќе не дозволувам негативноста да ме допре. Се приближувам кон себе“, рече Симоне.

Фотографиите се направени во Португалија, земјата каде што нејзиниот син Емилио загина во сообраќајна несреќа пред пет години. Таа рекла дека намерно ја одбрала локацијата бидејќи нема да може да ја избегнува до крајот на животот.

Scroll to Top