(Фото/Видео) Критичарите и порачаа дека „треба да јаде нешто“, таа им одговори на хумористичен начин

Шарлиз Терон веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста и модните критичари. Една од најубавите актерки работи напорно на промоцијата на филмот „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, и често можеме да ја видиме во беспрекорни комбинации на црвениот тепих.

Сепак, нејзината убавина често го привлекува вниманието на светот, особено на критичарите на социјалните мрежи кои и овој пат имаа што да ѝ кажат на актерката.

Тие ѝ рекоа дека е „премногу слаба и дека треба да јаде нешто“, а таа им одговори на хумористичен начин. На Инстаграм објави фотографија од својот оброк од ресторан во Њујорк со краток опис:

„Ми рековте дека треба да јадам. Ви благодарам за најдобриот оброк во Њујорк @nyctamayura“. Иако Шарлиз не се осврна директно на дебатата за нејзината телесна тежина, јасно е кому актерката ги упати овие зборови!

Да потсетиме дека Шарлиз во последните денови се соочува со остри критики од општеството во врска со нејзиниот изглед. Многумина веруваат дека таа станала уште една жртва на диетата со Оземпик и дека ослабела многу.

На социјалните мрежи, особено на X, се води дискусија за нејзината тежина, а луѓето масовно ги споделуваат нејзините снимки од премиерата на гореспоменатиот филм.

Scroll to Top