СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик.

Нема крај на нивните лаги.

Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората, истакнуваат од СДСМ.

„Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори.

ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите.

Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета.

Тие не сакаат ЕУ“.

Според оваа партија, во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас.

„Во ЕУ тие би одговарале.

Во ЕУ, ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал.

Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина“, посочуваат од СДСМ.

Scroll to Top