Кукуреља најави повлекување ако Шпанија стане светски шампион

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља изјави дека ќе се повлече од националниот тим доколку Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои титулата.

„Ако го освоиме Светското првенство, следниот ден ќе му се јавам на Луис де ла Фуенте и ќе му кажам повеќе да не смета на мене. По европската и светската титула, не може подобро од тоа“, изјави Кукуреља за „Л’екип“.

Левиот бек, кој беше стандарден во составот на Шпанија на турнирот, додаде и дека ќе направи тетоважа со ликот на селекторот Луис де ла Фуенте доколку „Црвената фурија“ стане светски шампион.

„Ако го освоиме Светското првенство, ќе го истетовирам лицето на селекторот на мојот бицепс“, изјави Кукуреља за „Фокс спорт“.

Scroll to Top