Креацијата е направена од дури 200.000 кристали Сваровски, а е украсена со принт инспириран од зајдисонцето.
Колумбиската пејачка Шакира настапи синоќа на финалето на Светското првенство во фудбал, а во таа пригода блесна во уникатна креација на модната куќа Роберто Кавали.
Таа носеше костим дизајниран од креативниот директор на брендот, Фаусто Пуглиси. Креацијата е изработена од дури 200.000 кристали Сваровски, а е украсена со принт инспириран од зајдисонцето и рачно изработени детали за кои биле потребни повеќе од две недели работа.
Костимот е дизајниран да блеска под светлата на стадионот, но и да ѝ овозможи на Шакира да ја изведе препознатливата кореографија со која го освои светот.
Заедно со костимот, изработено е и здолниште во истите тонови со реси, додека целата креација е инспирирана од мотивот „Златен зрак“ на модната куќа Роберто Кавали.
На сцената ѝ се придружија уште 34 танчери во соодветни костими. Шакира ја надополни својата препознатлива распуштена коса со едноставна шминка, а публиката повторно ја воодушеви со својот енергичен настап.
фото/ЕПА







