(Видео) Ламин Јамал ​​ја слави победата со девојката: Романтични сцени по освојувањето на светската титула

Младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал (19) не ги криеше своите емоции по освојувањето на Светското првенство. Тој ја сподели големата прослава на стадионот МетЛајф во Ист Радерфорд со својата девојка, инфлуенсерката Инес Гарсија Сантос, со која разменија прегратки и бакнежи по историскиот триумф.

Инес објави фотографија од нив заедно на Инстаграм, држејќи го победничкиот трофеј со пораката:

„Успеа. Честитки, љубов моја, ти си светски шампион“.

Јамал ​​ѝ одговори кратко, но емотивно:

„Те сакам, љубов моја“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gala (@galafr)

 

Шпанија ја достигна својата втора светска титула во историјата победувајќи ја Аргентина со 1:0 по продолжение, а Јамал ​​беше еден од клучните играчи на турнирот.

Гласини за врската меѓу Јамал ​​и Инес се појавија во април, иако таа подоцна откри дека се заедно многу подолго и се познаваат три години. Околу два милиони луѓе ја следат Инес на Инстаграм, а содржината што ја објавува е главно посветена на модата, убавината и патувањата.

 

фото/depositphotos

Scroll to Top