Во Куманово пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства.

– По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе следува соодветна пријава – информира МВР.

Scroll to Top