На Клиника почина 16-годишно момче, му се слошило седејќи на гости

Тинејџер на 16 годишна возраст од скопското село Кондово починал откако му се слошило за време на посета на роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според објавата на МВР, дечкото заедно со неговата мајка кратко по пристигнувањето во Сингелиќ изгубил свест и бил пренесен на скопските клиники, каде кратко време по приемот починал.

– На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал.

Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција – се посочува во објавата.

Scroll to Top