Сѐ се зголемува, освен платите, велат од СДСМ

Сѐ се зголемува, освен платите, реагираат од СДСМ.

„Зголемување на цената на парното. Зголемување на цената на струјата. Зголемување на цената на нафтата. Зголемување на данокот на имот“.

Во буџето, додаваат од оваа партија нема пари. Наскоро, како што велат, нема да има ниту за пензии.

„Потрошувачката кошничка се зголеми за 10.000 денари. Земјоделците се без субвенции. Нема ИПАРД затоа што го уапсија директорот од ВМРО поради корупција. Намален е откупот. Поскапе ѓубривото“.

Според СДСМ, европскиот пат е целосно закочен а Македонија е изолирана.

„Никој не сфати дека ова се клучните економски точки од програмата – Платформа 1198.

Ова е програмата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски, која требаше, заедно со ветувањата дека ќе го врати името и ќе го укине Преспанскиот договор, да им ја презентира на своите гласачи“.

Scroll to Top