„Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.
Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.
Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија“, објави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус.
Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, вели тој, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.
„Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.
Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот“.







