Мохамед Салах би можел да ја продолжи кариерата во Турција, но се чини дека неговата нова дестинација нема да биде Бешикташ, туку нивниот ривал Трабзонспор. Според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, клубот му понудил на египетскиот напаѓач двегодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона по состанокот со неговите менаџери. Салах наводно е отворен за таа опција, но конечната одлука ќе ја донесе откако ќе разговара со своето семејство, пишува „Goal.com“.
Разговорите меѓу претставниците на Салах и раководството на Трабзонспор наводно се во напредна фаза. Една од темите на преговорите е уделот од продажбата на дресови, менаџерите побарале помеѓу 20 и 25 проценти од приходите. Наводно Трабзон го прифатиле ова барање.
Голема предност за турскиот клуб е фактот што не мора да плаќаат отштета за Салах. Египетскиот фудбалер е слободен агент од 1 јули, откако се согласи на предвремено раскинување на договорот со Ливерпул.
Иако клубови од МЛС и Саудиска Арабија исто така покажуваат интерес за Салах, до неодамна Бешикташ изгледаше како најверојатна дестинација. Кон средината на јули, трансферот се сметаше за речиси договорен, што го потврди и претседателот на клубот, Сердал Адали.
Сепак, тој објасни дека преговорите биле прекинати бидејќи советникот на Салах во последен момент побарал повисока провизија, на што Бешикташ не се согласил.
Спортскиот директор Ондер Озен изјави дека трансферот во моментов е нереализиран. Нивната понуда од 10 милиони евра плата и два милиони евра бонуси останува на маса, но клубот нема намера да ја зголеми и чека тимот на Салах повторно да ги контактира.
Foto/ Depositphotos







