Велешанец приведен откако предизвикал пожар кај Башино Село

Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 54-годишен велешанец откако при сечење метален предмет со алат предизвикал пожар на сува трева во близина на Башино Село, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, настанот се случил на 1 август околу 13:25 часот, кога Д.Б. (54) од Велес, додека сечел метален предмет, од искрите што настанале избувнал пожар на сува трева.

Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од самиот Д.Б. и други лица кои се нашле во близина.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Scroll to Top