МВР трага по жена од Словенија која влегла во државата преку Табановце, и’ се изгубила секаква трага

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија, за која е пријавено дека е недостапна откако влегла во државата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1 август влегла во државата преку граничниот премин Табановце, по што не била достапна на телефонските повици.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Scroll to Top