Приведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје

Вчера, во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Љ.Љ., а сопатници биле 35-годишниот Е.Љ., 49-годишниот Л.З. и 58-годишниот Б.Љ., сите од село Радолишта, струшко.

Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил пронајден пиштол „Застава“ за кој не поседувал дозвола. Л.З. е лишен од слобода по член 396 од Кривичниот законик, а Б.Љ. е приведен по член 80 од Закон за оружје.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, а подоцна со судска наредба биле извршени претреси кај Л.З. и Б.Љ.. Кај Л.З. не се пронајдени други предмети, додека кај Б.Љ. биле пронајдени и одземени едно репетирачко долго огнено оружје за кое поседувал дозвола и едно пневматско оружје, куршуми калибар 9 мм и пиштол за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Scroll to Top