Тетовец ја избркал сопругата од дома со трите малолетни деца, а потоа физички ја нападнал

Триесет и шестгодишен маж од тетовско е приведен откако неговата сопруга го пријавила дека ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа физички ја нападнал.

Според МВР, вчера во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ф. (36) од тетовско, со престој во Тетово.

Претходно, неговата 26-годишна сопруга пријавила дека околу 21 часот тој ја избркал од нивниот дом заедно со трите малолетни деца, по што физички ја нападнал.

Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Scroll to Top