Тепачка меѓу две групи во Тетово, двајца 20-годишници избодени со нож

Пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка меѓу две групи, при што бил употребен и нож.

Со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од село Камењане.

„По преземените мерки, на 8 август во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово бил лишен од слобода А.Р.(20). Пет минути подоцна, во 01:30 часот, во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш.(22) од село Ново Село и А.Б.(23) од село Горно Палчиште. И тие биле лишени од слобода и задржани во полициска станица“, велат од МВР за случајот.

Полицијата работи на идентификување и на други лица учесници во настанот. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Scroll to Top