Холивудскиот актер ослабе 90 килограми, многумина не го препознаа на фотографијата

Додека многу познати личности се потпираат на лекови за слабеење, холивудскиот актер Џон Гудман постигна трансформација на телото на сосема поинаков начин.

Неодамнешна фотографија на Инстаграм предизвика бројни реакции бидејќи 74-годишниот актер изгледа речиси непрепознатливо. Гудман не го припишува својот успех на популарните лекови како Оземпик, туку на низа одлуки за начинот на живот поврзани со исхраната и здравјето.

Фотографија со Гудман објави актерот Дејвид ДеЛуиз, кој го нарече легенда и важен дел од неговото детство. Повеќето коментари под објавата беа за променетиот изглед на Гудман. „Го сакам Џон Гудман! Да, изгледа многу поинаку, но се обложувам дека се чувствува одлично“, „Дали е тоа Џон Гудман? Тој е непрепознатлив“ и „Тој е многу послаб отколку што го паметам“, се само дел од реакциите на корисниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by daviddeluise (@daviddeluise)

Гудман не користел лекови GLP-1, но донел уште една голема животна одлука – престанал да пие. Лекувањето од алкохолизмот, со кој се борел 30 години, започнало во 2007 година и било клучно за неговата трансформација. Со текот на годините, тој постепено ослабел, и се проценува дека е вкупно 90 килограми полесен.

Во интервју за The Guardian во 2012 година, тој ја објаснил својата одлука да престане да пие. „Сè стана премногу. Тоа беше 30-годишна болест која ги исцрпуваше сите околу мене и ми стануваше сè потешко и потешко. Стана прашање на живот и смрт. Време беше да се запре“, рече тој во тоа време.

Актерот претходно изјави дека со 200 килограми, ја користел својата креативна енергија за да размислува што ќе јаде следно. Својата исхрана сега ја базира на медитеранскиот модел, кој вклучува многу овошје, зеленчук, интегрални житарки и здрави масти како маслиново масло. Тој, исто така, воведе строга рутина за вежбање. Тренира со личен тренер шест дена во неделата и правел помеѓу 10.000 и 12.000 чекори дневно.

Тој го објасни својот пристап во интервју од 2016 година со радио водителот Хауард Стерн. „Го правев тоа полека. Само сакав да го сменам мојот начин на живот“, рече Гудман, додавајќи дека тоа е доживотен процес.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top