Хапоел во преговори со Расел Вестбрук

Расел Вестбрук наскоро би можел да стане новиот кошаркар на Хапоел Тел Авив.

Поранешниот МВП и лидер по бројот на трипл-дабл натпревари во историјата на НБА е во преговори со Хапоел Тел Авив, објавија бројни американски и европски кошаркарски инсајдери.

Вестбрук има 37 години и има многу проблеми да најде ангажман во НБА лигата. Минатата сезона во Сакраменто Кингс тој имаше просек од околу 15 поени и 7 асистенции, а во Хапоел би бил убедливо најдобриот играч и најверојатно најдобриот играч во целата Евролига.

Хапоел ги загуби Крис Џонс, Јам Мадар, Кеслер Едвардс, Леви Рандолф, Џонатан Мотли и Колин Малколм ова лето.

На нивните места стигнаа Тамир Блат, Јуџин Герман, Џејкоб Топин, Зак Ледеј, Амир Кофи, Кадим Карингтон, Томас Саторански и Фреди Бурдилон, што значи дека евентуалниот трансфер на Вестбрук би бил шлаг на тортата.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top