Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 13 август 2026 година (четврток), ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар.
Прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со Ф-100 милиметри на улицата „Мирослав Крлежа“ бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на активностите.







