Ријера ќе ја преземе Црвена звезда

Шпанецот Алберт Ријера ќе биде новиот тренер на српскиот шампион, Црвена звезда. Неговата промоција ќе биде во четврток, кога и ќе биде потпишан договорот, најверојатно на две сезони.

Ријера ќе биде промовиран на стадионот „Рајко Митиќ“, а на истото место ќе дебитира во четврток, 20 август, кога Црвена Звезда ќе се сретне со Викторија Плзењ во плејофот за пласман во Лигата на Европа.

Алберт Ријера беше кандидат за клупата на Звезда и минатата сезона, но Милојевиќ остана тренер до зимата, а потоа беше заменет од Дејан Станковиќ, кој во вотрникот пред полноќ поднесе оставка по елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Шпанецот имаше успех со Целје, а во 2026 година седеше три месеци на клупата на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт.

Foto/ NK Celje

Scroll to Top