(Фото) Скандалите конечно се зад неа, сега ужива покажувајќи го своето згодно тело

Славната Кејт Мос (52) изгледаше неверојатно во црн едноделен костим за капење со длабоко деколте додека уживаше во сонцето со својата ќерка Лила за време на патување со брод покрај островот Форментера во Шпанија.

Супермоделот (52) привлече внимание во елегантен едноделен костим за капење, кој го надополни со златен накит за време на крстарењето. Ова ги израдува и сите нејзини обожаватели бидејќи Кејт конечно изгледа како да се опоравува од лудите забави и скандали што ја следеа претходно.

Лила (23) ја покажа својата витка фигура во црвено бикини за таа пригода. На мајката и ќерката им се придружија моделите Руби Лин и Оливија Нил, како и блиската пријателка на Кејт, Роуз Фергусон, која е и кума на Лила, објавува Дејли Меил.

Кејт изгледаше целосно опуштено додека скокна од бродот во Средоземното Море за да се освежи со пливање, а Лила набрзо ѝ се придружи.

Лила, која ја застапува модната агенција на нејзината мајка, го имаше своето официјално деби на писта во 2020 година, отворајќи ја и затворајќи ја ревијата на Миу Миу пролет/лето 2021.

Во меѓувреме, наводно, Кејт се стреми кон нова кариера во светот на цвеќарството, откако се заљубила во градинарството во својата куќа на село. Супермоделот ја купил својата куќа на село во Литл Фарингдон во 2004 година за 2,5 милиони фунти.

Откако се преселила од Лондон, Кејт ужива во помирен животен стил, далеку од годините на диви забави по кои некогаш беше позната.

Scroll to Top