Случај со малолетници во Кисела Вода прераснал во физички пресметки меѓу нивните родители, по што полицијата го расчистила настанот. Според МВР, 35-годишен скопјанец на 14 август пријавил дека претходната вечер околу 21:30 часот, на игралиште во Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници.
Откако родителите пристигнале на местото, малолетниците се разбегале во двор на соседна куќа. Б.Б. ги задржал, но потоа, според неговата пријава, бил физички нападнат од Б.Ц. (46), татко на еден од малолетниците.
Од друга страна, Б.Ц. пријавил дека неговиот малолетен син и неговиот другар биле физички нападнати од Б.Б. во дворот, откако претходно еден од малолетниците ненамерно ја удрил малолетничката со пластично шише.
Во полиција се јавил и А.Х. (45), кој пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Б.
СВР Скопје ги расчистило пријавените настани, а по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.







