Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на Богородица се чека околу еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.







