Пожарникари од Скопје ќе помагаат во гаснење на пожарот во Мариово

Пожарникари од Скопје ќе помагаат во гаснење на пожарот во Мариово, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Во овие тешки мигови, кога огнената стихија се заканува на Мариово и на цели населени места, нашите херои повторно се таму каде што се најпотребни. Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргнува кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите и најризични пожари со кои во моментов се соочува Македонија. На барање на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, без двоумење и веднаш испраќаме помош“, објави Ѓорѓиевски.

Scroll to Top