Татко ја нападнал 17-годишна ќерка, син претепан од пијан татко, маж ја нападнал партнерката: пријавени повеќе случаи на семејно насилство

Денеска (20.08.2026) во СВР Штип, 45-годишна жена од Штип пријавила дека во семејниот дом, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко А.Т. (51) од Штип, кој употребил и тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Утрово  во 02:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишилр од слобода И.С.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 19:30 часот полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишиле од слобода И.Н.(53) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 20-годишен син. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,03 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Скопје синоќа во 23:00 часот, 30-годишна жена од скопско пријавила дека во неколку наврати била физички нападната од нејзиниот партнер А.Д.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста’’  и ,,неизвршување на судска одлука“. На 14.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга и неговата ќерка и на тој начин постапил спротивно на издадено судско решение за привремени мерки за заштита од семејно насилство.

Scroll to Top