Фудбалерите на Севилја победија во Билбао со 3:1, во второто коло. Мечот го обележаа грешките на фудбалерите на Атлетик, кои им ја подарија победата на гостите од Андалузија.
Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски шампион, а најдобар голман на тој турнир и незаменлив чувар на мрежата беше Унаж Симон, голманот на Атлетик Билбао.
Во второто коло од Ла Лига, голема грешка на Симон, Билбао претрпе пораз дома од тимот на Севиља со резултат од 3:1.
Откако во 11-та минута Јури Берчиче, како последен играч во одбраната, поради прекршок доби директен црвен карто, голманот Симон четири минути подцна им го трасираше патот до победата на гостите од Андалузија.
Најдобриот голман на Светското првенство испрати лошо додавање од својот шеснаесетник, додавање кое Осо веднаш го пресретна, а потоа ја смести топката во голот за водство на Севилја од 1:0.
🚨 Incredible mistake in the Athletic Club defense! Oso scores!
🇪🇸 Athletic Club 0-1 Sevilla
pic.twitter.com/hDwfuuCH66— Goals Xtra (@GoalsXtra) August 22, 2026
Веќе на почетокот на второто полувреме, Севилја го зголеми своето водство на 2:0.
Чидера Еџуке ја искористи асистенцијата од Ромеро и го постигна вториот гол на натпреварот со кој Севилја поведе големо и ги однесе на прагот на триумф.
Исак Ромеро брзо беше награден за таа асистенција и самиот стана еден од стрелците, кога постигна гол во 57-та минута за резултат од 3:0. На голот му преходеше голема грешка на десниот бек Хесус Аресо.
Домашниот тим успеа да го намали дефицитот и да го ублажи поразот колку што е можно повеќе. Стрелец на првиот и единствен гол за Билбао на натпреварот беше Паредес во 70-та минута од играта.
Foto/ Depositphotos







