Автобус што превезувал ученици од Германија се судри со комбе, па се преврте, рано утрово во источна Холандија, при што осум лица беа повредени и однесени во болница, соопшти холандската полиција.
„Неколку лица се здобиле со сериозни повреди и се однесени во болница“, соопшти полициската управа на покраината Гелдерланд на социјалните мрежи. Неколку други лица се здобиле со полесни повреди во несреќата.
Повеќе од 50 лица во автобусот
Во автобусот имало повеќе од 50 лица. Несреќата се случила во близина на Везеп, околу 100 километри источно од Амстердам, околу 4 часот наутро.
Автобусот се судрил со комбе за достава, а возачот е меѓу повредените. Автопатот А28 бил затворен во двата правци по несреќата.







