Уапсен Германец на Табановце: кај него е пронајдена марихуана

Вчера во 11:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишниот К.Г. од Сојузна Република Германија.

При преглед во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било спроведено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top