Габриел Мартинели го напушта Арсенал и ја продолжува кариерата во Саудиски Ал-Хилал. Според информациите на италијанскиот новинар Алфредо Педула, клубовите се договориле за трансфер вреден 59 милиони евра, што е воедно и најскапата продажба во историјата на Арсенал.
Бразилецот веќе е во Ријад, каде што треба да помине лекарски прегледи и да го потпише договорот.
Статусот на Мартинели во Лондон се промени за време на летниот преоден рок. Тренерот Микел Артета не го вклучи во составот за првите два официјални натпревари од новата сезона, што беше јасен знак дека тој повеќе не е во неговите главни планови.
Неговата минутажа се намали во текот на минатата сезона, во која започна само 11 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.
Бразилецот пристигна на „Емирати“ во 2019 година од Итуан за само седум милиони евра. Тој одигра вкупно 278 натпревари за Арсенал, постигна 62 гола и забележа 36 асистенции.
Со клубот гги освои и ФА Купот, Комјунити Шилд и Премиер лигата.
Мартинели во Саудиска Арабија го очекуваат значително подобри финансиски услови. Според претходните информации, тој треба да заработува помеѓу 12 и 20 милиони евра годишно.
Foto/ Depositphotos







