Претрес во струмичко, пронајдена дрога: двајца уапсени

Вчера во 17:00 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода 21-годишниот Е.Н. и 29-годишниот Џ.М., двајцата од село Банско.

При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со марихуана и стебло од растението канабис.

Додека, при преглед на Џ.М., кој бил затекнат во домот на Е.Н., била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top