Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион

Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба.

Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште, како и со отстранување на преостанатите гранки и отпад од локацијата, извести Општина Ѓорче Петров.

„Целта на активноста е просторот повторно целосно да ја добие својата првична намена – безбедно, чисто и уредено место за игра и престој на најмладите, но и преку заеднички акции да се подигне јавната свест за значењето на чистата животна средина и одговорното однесување кон јавните површини.

Во денешната акција се вклучија и претставници и активисти од ЈЗУ Геријатрија, ООУ „Ѓорче Петров“, компаниите „Троцкенбауер“ и „Вардар Градба“, Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како и вработени во општинската администрација.

Дополнително, во текот на месец октомври на оваа локација ќе бидат засадени и нови садници, обезбедени како донација од Центарот за климатски промени во вредност од 9.000 денари, со што просторот ќе биде збогатен со ново зеленило.

Ваквите заеднички активности ќе продолжат и во иднина, со цел уредување на јавните површини, создавање поквалитетна животна средина и поголемо вклучување на заедницата во грижата за просторот во кој живее“, соопшти Општина Ѓорче Петров.

Scroll to Top