Четири возила се судрија на патот Охрид – Кичево, има повредени

Вчера на магистралниот пат Охрид–Кичево, веднаш по влезот за село Ботун, се случила сообраќајна несреќа меѓу четири возила.

Во несреќата учествувале патничките возила „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф. (50) од Холандија; „мицубиши“ со скопски ознаки, управувано од З.Ч. (74) од Скопје; „рено“ со охридски ознаки, управувано од Г.Т. (48) од с. Лескоец, и товарното возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (25) од с. Студеничани.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „мицубиши“ З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч. (71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од „рено“ В.Т. (48). Сите повредени биле пренесени и згрижени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

На местото на настанот извршен е увид.

Scroll to Top